Kандидатката Ленче Ристоска му одговори на премиерот Мицкоски кој претходно изјави дека таа апсолутно не е во игра за нов државен јавен обвините.
Таа рече дека кога кандидат однапред се исклучува без анализа на неговата програма и професионален пат, тоа отвора прашања за природата на критериумите што се применуваат.
„Уверена сум дека избор од вакво значење мора да биде заснован на квалитет, а не на подобност“, истакна Ристоска.
Според неа професионалците во системот мора да знаат дека нивниот труд и стручност се единствената валута што треба да одлучува.
„Во спротивно, ризикуваме да испратиме порака дека без разлика на компетентноста, подобноста е примарна — а тоа не е патот по кој треба да се движи едно демократско општество“, додаде Ристоска.
Т.Д.
Мицкоски: Ленче Ристоска апсолутно не е во игра за нов државен јавен обвинител
