Владата сè уште го нема добиено записникот од Советот на јавни обвинители и ќе се произнесе откако ќе го добие, ова во интервју за Канал 5 го изјави премиерот Христијан Мицкоски.
–Да зборуваме врз основа на документи и на факти, сепак сум претседател на влада не можам да изнесувам свои лични ставови. Да ги добиеме записниците и тогаш ќе се произнесеме, изјави премиерот.
- На дополнително прашање дали сите четворица кандидати, вклучително и обвинителката Ленче Ристоска, која своевремено беше дел од згаснатото Специјално јавно обвинителство и која сè уште пред Судот застапува две обвиненија против ексфункционери на ВМРО-ДПМНЕ и самата партија, Мицкоски вели:
-Апсолутно не се сите во игра. Мојот став поврзан со тоа име е апсолутно дека тоа име не е во игра. Па еве, искатализиравме барем некаков одговор, од четворица, тројца се во игра.
Одлуката на Ристоска да се пријави на огласот за избор на нов државен јавен обвинител се случи во период на нејзин отворен конфликт со премиерот и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Ристовска му одговори на Мицкоски: Демократијата бара фер критериуми, не селективни одлуки
