Вести Свет Топ вести

Премиерот Туск со апел до Полјаците: Не патувајте во Иран, ако сте веќе таму, итно заминете

Премиерот на Полска, Доналд Туск денеска ги повика Полјаците во ниту еден случај да не патуваат во Иран, а тие што се таму под итно да заминат од Исламската Република, бидејќи многу реално е дека ќе избие конфликт.

„Не сакам никого да плашам, но сите знаеме за што зборувам. Можноста за избувнување на конфликт е многу реална. За неколку или неколку десетици часа, евакуацијата повеќе нема да биде опција. Ве молам, сфатете го сериозно. Претходните искуства покажуваат дека некои ги игнорирале ваквите апели“, посочи Туск, кој заедно со министерот за одбрана присуствуваше на тестирањето на нови вооружени системи во градот Желонка.

И полското Министерство за надворешни работи упати апел до Полјаците да го напуштат Иран, а на полските државјани кои долго време живеат и работат во Исламската Република им се препорачува да избегнуваат собири и протести.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Барањето на Македонија за гаранции за влез во ЕУ е невозможно, став на Мојсовска во Топ Тема

Дејан Дејан

Протестен марш на ДУИ против укинувањето на одлуката за преименување на десетина улици од 2007-ма година

Igor Trajkov

Пораките од Брисел се јасни: без уставни измени, земјата може многу малку да искористи од новите иницијативи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе