Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека резултатите од најновата рунда мировни разговори меѓу Русија и Украина, посредувани од САД во Женева, не се доволни.
Тој смета дека Украина очекува нова средба уште во февруари, нагласувајќи дека процесот мора да продолжи.
Зеленски истакна дека Киев се надева на поконкретни резултати во следната фаза од преговорите, но засега не може да каже дека постигнатиот напредок е задоволителен.
Разговорите во Женева се дел од напорите на Вашингтон да посредува во пронаоѓање решение за конфликтот.
Украинскиот лидер исто така најави санкции против белорускиот претседател Александар Лукашенко поради, како што рече, „сè поочигледната вмешаност на Белорусија во руската војна против Украина“.
Според него, Русија ја користела белоруската територија за својата целосна инвазија, што, како што нагласи, е неспорен факт.
