Вести Економија Македонија Топ вести

„Не бараме за семки, туку целосна исплата на субвенции за млеко“, сточарите бараат редовна исплата

Неколку земјоделските здруженија бараат промени во програмата за субвенции за 2026 година. Според нив, со евтин увоз, ниски откупни цени и доцнење на субвенциите, домашното производство е во сериозна опасност.

Земјоделци од неколку  здруженија бараат да се ревидира Програмата за финансиска поддршка во земјоделието за 2026 година, а тие  активно да бидат вклучени во креирањето на аграрните политики.

Велат дека во услови на увоз на евтини производи,  ниски откупни цени, субвенции што доцнат и намалување на поддршката, домашното производство станува неконкурентно. За оваа година се предвидени 100 милиони евра, но дел од средствата, според земјоделците, ќе одат за исплата на заостанати субвенции од претходни години.

  • Овие средства резервирани за земјоделството се скромни и не ставаат во незгодна позиција. Ќе бараме промена во моделот како се одредуваат и како се распределуваат субвенциите. И најважно од се, активно да бидеме вклучени во нивното креирање, изјави Ѓорѓи Каракашев од Националната земјоделска мрежа.
  • Бараме оваа програма да се укине и за 2026 година да се субвенционираме според старата програма од 2025 година. Потоа ќе формираме работни групи за секоја гранка и заедно со Министерството ќе ги изработиме субвенциите за 2027 година, вели Миле Ќепакоски од Здружението на фармери  Југозапад.

Сточарите посочуваат дека субвенциите се исплаќаат нередовно и селективно.

Освен што им се намалува финансиската поддршка, велат  се намалуваат и откупните цени на млекото.

  • Најавија дека ќе бидеме исплатени за шест месеци субвенции за млеко. Некои кооперанти добија за два месеци, некои за три. Сега повикуваат одредена група за исплата за уште три месеци. Ние бараме целосна исплата. Кога ние плаќаме, плаќаме целосно, не можеме струјата да ја платиме 20 проценти, вели Борче Бученски, сточар и член на здружението „Пелагониско поле“.

Од Министерството за земјоделство соопштија дека над 30 земјоделски здруженија ја поддржале започнатата реформа во субвенционирањето, чија цел е воспоставување фер и правичен систем. Додаваат дека нема кратење на субвенциите, а  поддршка ќе добиваат вистинските производители.

Емилија Мисирлиевски

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе