Вести Македонија

Македонски јазик ќе се изучува во училиште во Хрватска

Во хрватскиот град Света Недела, во близина на Самобор, свечено беше одбележан почетокот на наставата за изборниот предмет Македонски јазик и култура. Иницијативата е на професорката по македонски јазик Ивана Брезовец, која овој предмет  веќе го предава во Првата гимназија во Загреб и е претседателка на македонското културно друштво „Охридски бисер“ во Загреб.

– Со поддршка од Заедницата на Македонците во Република Хрватска и од претставничката на македонското национално малцинство во Загрепската жупанија, Лена Ѓапиќ,  како и со помош од  Министерството за наука, образование и млади на Република Хрватска дојде до реализација и почеток на програмата. Присутните на почетокот на наставата сведочеа за детски насмевки и исполнети желби на најмладите кои уште од почетокот на учебната година со нетрпение го очекуваа тој ден. Самата желба е произлезена од синовите на професорката Брезовец и пријателите што ги имаат во нивното училиште, што е доказ дека во обичните животи на Македонците во дијаспората може да се случат убави и важни настани, соопшти Иван Антоновски, профсор од Филолошкиот факултет на УКИМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од среда стапува на сила забраната за движење во шумите

Дејан Дејан

Мајката која го претепа тримесечното бебе претходно останала без родителските права за повеќе деца

Дејан Дејан

Одбележана 78 годишнината од прогонството на децата Македонци од егејскиот дел на Македонија – споменикот во Скопје вандализиран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе