Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран на сериозни последици доколку не успее да постигне договор со Соединетите Американски Држави.
– Ќе биде многу трауматично за Иран ако не постигнат договор – изјави вчера Трамп во Белата куќа.
Тој додаде дека Иран требало да се согласи на договор уште минатата година, кога Вашингтон и Техеран преговараа за спорната нуклеарна програма на Иран.
По средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Трамп завчера истакна дека претпочита договор со Иран пред воена акција. Тој додаде дека тој самиот ќе одлучи како ќе постапат САД, опишувајќи ги разговорите со Нетанјаху како „многу добри“.
