Вести Свет

55 000 украински војници убиени во војната со Русија, над 70 000 се водат како исчезнати

Бројот на Украински војници убиени на фронтот во четиригодишната војна со Русија е 55 000 лица, изјави претседателот Володимир Зеленски во интервјуто за француската телевизија.

Зеленски додаде и дека голем број луѓе се водат како исчезнати.

Властите во Киев и Москва редовно ги објавуваат проценките за жртвите на другата страна, но избегнуваа да обелоденат некакви детали за сопствените загуби.

Проценките за убиени војници на руската страна се за над 160 000 луѓе.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги предводи обидите за завршување на војната која започна со руската инвазија на соседната држава на 22-ри февруари 2022-та година.

Последната проценка на украинскиот лидер за бројот на украинските жртви беше од декември 2024-та година, кога зборуваше за 43 000 луѓе.

Официјалниот број на убиените украински војници е значително помал од вкупниот број на украински жртви. Според зборовите на Зеленски – голем број луѓе се водат како исчезнати.

Според последните податоци на украинското министерство за внатрешни работи, повеќе од 70 000 луѓе официјално се водат како исчезнати, вклучувајќи ги војниците и цивилите.

Точните податоци најверојатно се уште повисоки –  информациите за бројот на жртвите е исклучително чувствително прашање, кое влијае врз моралот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Мицкоски по „козметичката“ реконструкција на владата ќе најави предвремени избори оти нема пари во буџетот

Дејан Дејан

Мицкоски се сретна со сопственици на маркети – се согласиле инфлацијата во јули да остане под 3%

Дејан Дејан

(фото)Најмалку 18 починати во Франција како последица на топлото време, меѓу нив се и две деца заборавени во автомобил

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе