Бројот на Украински војници убиени на фронтот во четиригодишната војна со Русија е 55 000 лица, изјави претседателот Володимир Зеленски во интервјуто за француската телевизија.
Зеленски додаде и дека голем број луѓе се водат како исчезнати.
Властите во Киев и Москва редовно ги објавуваат проценките за жртвите на другата страна, но избегнуваа да обелоденат некакви детали за сопствените загуби.
Проценките за убиени војници на руската страна се за над 160 000 луѓе.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги предводи обидите за завршување на војната која започна со руската инвазија на соседната држава на 22-ри февруари 2022-та година.
Последната проценка на украинскиот лидер за бројот на украинските жртви беше од декември 2024-та година, кога зборуваше за 43 000 луѓе.
Официјалниот број на убиените украински војници е значително помал од вкупниот број на украински жртви. Според зборовите на Зеленски – голем број луѓе се водат како исчезнати.
Според последните податоци на украинското министерство за внатрешни работи, повеќе од 70 000 луѓе официјално се водат како исчезнати, вклучувајќи ги војниците и цивилите.
Точните податоци најверојатно се уште повисоки – информациите за бројот на жртвите е исклучително чувствително прашање, кое влијае врз моралот.
