Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Кина треба да биде дел од сите идни разговори за воведување ограничувања на нуклеарното оружје, истакнувајќи го „огромниот и брзорастечки арсенал“ на земјата.
–Мислам дека претседателот ќе се изјасни за тоа подоцна. Очигледно, знаете, претседателот во минатото беше јасен дека за да има вистинска контрола на оружјето во 21 век, невозможно е да се направи нешто што не ја вклучува Кина поради нивните огромни и брзорастечки залихи, изјави Рубио.
Последниот преостанат договор за нуклеарно оружје меѓу Русија и Сад истекува денеска. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен да се држи до ограничувањата на договорот уште една година доколку Вашингтон го следи примерот, додека Рубио го повтори ставот на претседателот Доналд Трамп дека Кина треба да биде вклучена во таквите дискусии.
