Вести Македонија Топ вести

Протестите на Ромите продолжуваат – бараат да се најде начин да возат без возачка или да полагаат под посебни услови

И денеска продолжија протестите на ромското население во Битола, со блокада на улицата пред општинската зграда, а попладнево повторно е блокиран магистралниот пат од Ресен кон Прилеп. Нивниот револт ескалираше  откако полицијата им ги одзеде возилата што ги управувале без возачка дозвола. Тие бараат да се најде начин да можат да возат без дозвола или да им се овозможи полагање под посебни услови.

„Само да се смени законот, ние што знаеме да возиме да ни проверат колку знаеме. Ако немам школо, ама возач сум јас затоа што јас ја возам колата“, вели еден жител.

„Ако треба да ме однесе син ми во болница, ќе го запрат и ќе му ја земат колата. Значи јас ќе умрам, нема спас за мене. Побараа регистрација – еве, децата ги регистрираа колите. Сега од каде да најдеме по 1.000 евра? Не се писмени, немаат школо“, вели друга жителка. 

Поради измените во закон за одземање возила управувани без возачка дозвола, ромското насление од Прилеп  денеска на пладне го блокираше и Плетвар.

„Нека ни дадат поусти за да земеме возачки. Некои немаат завршено школо, нека состават усно прашања, за неписмените да можат да положат. Тој можеби не е писмен да чита, ама во главата  е појак и од тој што е со возачка, вели жител на Прилеп.

Од МВР  вчера соопштија дека се одземени возилата на осум возачи во Велес, Делчево, Скопје, Битола и Прилеп, кои  возеле  без положен возачки испит и со фалсификувана возачка дозвола, по што протесите   синоќа се проширија и во други градови, а жителите  палеа гуми и ѓубре на улиците. Дел од нив  упатија и закани.

„Не може да ми земе возило, не ми го купил тој, јас си го купив. Ај ние да му го земеме неговото возило“, велат жители од ромската населба.

„Ние на ниедна полиција не ѝ згрешивме, ама ако ми го земат возилото ќе има проблеми. Ако удираат тие, и ние ќе почнеме да удираме“, вели друг жител. 

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека побарал од Министерството за внатрешни работи жестока реакција за секој што го прекршил законот, се заканувал и го загрозувал мирот и безбедноста,  за да не се повтори вчерашното дивеење.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе