Вести Свет

Трамп остро реагираше на прашања од новинарка за документите со Епстин

Американскиот претседател Доналд Трамп остро реагираше на прашања од новинарка на Си-Ен-Ен за документите поврзани со Џефри Епстин, порачувајќи дека е „време државата да продолжи понатаму“. Инцидентот се случи во Овалната соба, по потпишувањето на закон со кој заврши делумната блокада на владата.

На прашањето дали во таканаречените „Епстин фајлови“ се спомнуваат министерот за трговија Хауард Лутник и милијардерот Илон Маск, Трамп одговори дека нема време за тоа. Кога новинарката инсистираше со прашање за жртвите, Трамп ја нарече „најлош репортер“ и ја обвини за лошо новинарство.

-Толку си лоша. Знаеш, ти си најлошиот новинар, не е ни чудо. CNN нема рејтинзи поради луѓе како тебе. Знаеш, таа е млада жена. Не мислам дека некогаш сум те видел да се смееш. Те познавам 10 години. Не мислам дека некогаш сум видел насмевка на твоето лице. Па, те прашувам за преживеаните од Џефри Епштајн. Знаеш зошто не се смееш? Затоа што знаеш дека не ја кажуваш вистината и дека си многу нечесна и треба да се срамат од тебе, изјави Трамп.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран изврши напади со беспилотни летала врз Бахреин и Кувајт – Трамп се заканува „САД ќе бидат принудени воено да ја завршат работата“

Дејан Дејан

Мајка од струшко ги оставала своите две малолетни деца да спијат во возилото додека била на работа

Дејан Дејан

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе