Вести Македонија

Министерството за здравство вели дека нема директни надлежности во спроведување на истражувањето и испраќањето на мозоци во САД

Министерството за здравство соопшти дека нема директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност, во врска со испраќањето мозоци во САД на испитување. Од Медицинскиот факултет информираат дека истражувањата со биолошки материјал кој содржи генетски податоци се строго нормативно регулирани со повеќе закони и подзаконски акти.

Посочуваат дека во периодот кога се спроведувале постапките, законската обврска за чување документација изнесувала 15 години, а од 2018 година – 25 години. Транспортот на ткива, како што се наведува, подразбирал информирана согласност од семејството, одобрение од Етичка комисија и дозвола за извоз од тогашното Биро за лекови, со јасно наведена научно-истражувачка намена.

Дополнително од министерството потенцираат  дека извозот на биолошки материјал е возможен само со формален договор меѓу институциите, со прецизни протоколи за земање, транспорт и користење на материјалот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран изврши напади со беспилотни летала врз Бахреин и Кувајт – Трамп се заканува „САД ќе бидат принудени воено да ја завршат работата“

Дејан Дејан

Мајка од струшко ги оставала своите две малолетни деца да спијат во возилото додека била на работа

Дејан Дејан

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе