Министерството за здравство соопшти дека нема директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност, во врска со испраќањето мозоци во САД на испитување. Од Медицинскиот факултет информираат дека истражувањата со биолошки материјал кој содржи генетски податоци се строго нормативно регулирани со повеќе закони и подзаконски акти.
Посочуваат дека во периодот кога се спроведувале постапките, законската обврска за чување документација изнесувала 15 години, а од 2018 година – 25 години. Транспортот на ткива, како што се наведува, подразбирал информирана согласност од семејството, одобрение од Етичка комисија и дозвола за извоз од тогашното Биро за лекови, со јасно наведена научно-истражувачка намена.
Дополнително од министерството потенцираат дека извозот на биолошки материјал е возможен само со формален договор меѓу институциите, со прецизни протоколи за земање, транспорт и користење на материјалот.
