Вести Македонија Топ вести

Го продал станот за лекување, сега нема каде да живее – 37 годишниот Стефан Ивановиќ бара социјален стан

Триесет и седумгодишниот Стефан Ивановиќ, кој боледува од церебрална парализа, стравува дека ќе остане без кров над глава.

Тој пред неколку години бил принуден да го продаде својот стан по ниска цена за да замине на лекување во Киев, бидејќи неговата здравствена состојба нагло се влошила.

Иако, по терапијата, здравјето му се подобрило, сега нема кров над глава и бара помош. Вели дека документите за социјален стан ги поднел уште пред две години, но засега нема одговор.

  • „Јас се нервирам дека немам кров над главата. Барам од Владата и надлежните институции да се забрзаат работите“, побара Стефан Ивановиќ, пациенти со церебрална парализа.

Стефан живее под кирија, но објектот наскоро ќе биде урнат поради изградба на зграда. Тој стравува дека тешко ќе најде друг стан каде цената на киријата ќе биде прифатлива, бидејќи живее од социјална помош. Од Министерството за социјална политика, демографија и млади потврдија дека таа помош изнесува околу 15 илјади денари месечно.

  • „Јас се борев со инвеститорот. Го молев да останам овде да живеам затоа што чекам за социјален стан. Но, тој кажа дека такво нешто нема шанси“, раскажа Ивановиќ.

Во однос  на лекувањето што Ивановиќ го платил во странство, од Фондот за здравство посочуваат дека лекувањето со матични клетки не го финансираат бидејќи не е стандардна терапија за церебрална парализа.

  • „Во конкретниот случај, примената на матични клетки кај церебрална парализа не претставува докажана и стандардизирана терапија, поради што не може да биде предмет на финансирање од страна на Фондот“, соопштија од Фондот за здравствено осигурување.

Дополнително, Стефан треба да оди на нови лекување во Киев, за што со донации собрал 10 илјади евра, но му недостигаат уште 8. Тој од една страна бара помош од сите кои може да донираат преку Фондацијата Павел Андреев, а од друга страна апелира до институциите да добие социјален стан.

Тамара Марковска

Министерството за транспoрт со објаснување

Од Министерството за транспoрт велат дека лицата кои се во социјален ризик, а се станбено необезбедени можат да се обратат до Владата во Комисија за станбени прашања и да поднесат барање за добивање на државен стан под закуп. Тоа е една опција, додека за добивање на социјален стан каде распределбата ја врши министерството за транспорт на огласот можат да аплицираат ранливи категории на граѓани кои ги исполнуваат условите предвидени во јавниот оглас со поднесување на соодветна документација до Центрите за социјална работа. Според информациите на Телма, таков оглас наскоро се очекува да биде објавен за Скопје.

ЛИНК ЗА ДОНИРАЊЕ

https://pavelandreev.org/mk/campaign/da-pomogneme-od-srce-za-stefan-ivanovikj

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран изврши напади со беспилотни летала врз Бахреин и Кувајт – Трамп се заканува „САД ќе бидат принудени воено да ја завршат работата“

Дејан Дејан

Мајка од струшко ги оставала своите две малолетни деца да спијат во возилото додека била на работа

Дејан Дејан

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе