Вести Македонија Топ вести

Угостителите побарале пауза за законот против пушење, вели Дурмиши

Лекарите алармираат за последиците од тутунот, угостителите бараат пауза за законот против пушење. Наместо веднаш да почне примената, тие предлагаат прво да има информативна кампања, па дури потоа законот да стапи на сила. Ова барање го доставиле до министерството за економија. Сите опции ќе се разгледуваат на нов состанок што ќе се одржи наредната недела, најави министерот Дурмиши, но засега не открива дали законот ќе се пролонгира.

„Нашата цел е јавното здравје да го сочуваме или да се грижиме. Истото тоа ќе им го кажеме и на идниот состанок и на крај ќе донесеме една одлука која ќе биде прифатлива од сите засегнати страни, односно и од угостителите“, вели министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Лекарите, пак, се децидни, законот не смее да се одложува. Велат дека станува збор за директна заштита на граѓаните, особено на вработените во угостителските објекти кои со часови дишат чад во затворен простор, но и на младите кои се порано почнуваат да пушат.

„Она што е статистика да веќе консумирање на тутун е падната на граница 12 до 14 години и сè повеќе и повеќе млади деца почнуваат со консумирање на тутун. Она што е уште пострашно сè повеќе се во мода и електронските цигари, иако имаат пропаганда да тие цигари воопшто не се штетни, напротив тие и те како се штетни и даваат долготрајни и тешки последици по нежните бели дробови на децата. Даваме поддршка, затоа што ова не е казна, туку сакаме директно да ги заштитиме како помладите, така и повозрасните луѓе, бидејќи причината за појавата на белодробен карцином е консумирање на никотин, односно пушење на цигари“, вели проф. д-р Оливер Зафировски, директор на клиниката за пулмологија и алергологија.

Лекарите бараат и еден час неделно во училиштата да се одвои за едукација за штетноста од цигарите и електронските уреди за пушење. Иако постои центар за одвикнување од пушење, бројот на граѓани кои бараат помош е мал, а уште помал е бројот на оние што успеваат целосно да се откажат, додаваат тие. Предлог законот е објавен на ЕНЕР.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе