Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ биле констатирани вкупно 646 сообраќајни прекршоци на територијата на државата. Поради минување на црвено светло регистрирани се 64 прекршоци, од кои 35 во Скопје, пет во Тетово и 24 во Куманово.
За возење со брзина поголема од дозволената евидентирани се 582 прекршоци, при што најголем дел – 445, се регистрирани во Скопје. Во Тетово се констатирани 36, во Куманово 31, додека 70 прекршоци се евидентирани на патните коридори.
Врз основа на овие два вида прекршоци, изречени се вкупно 101 забрана за управување со моторно возило. МВР апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.
