Полициски службеник од Ѓорче Петров се најде под истрага откако, како што се сомничи, споделил доверлив видеозапис од безбедносни камери со лице кое е во затвор. Снимката била поврзана со кривични пријави за оштетување на туѓи предмети и изнуда, а видеозаписот наместо да остане во рамките на истрагата, завршил на Инстаграм и стигнал до лице кое издржува казна затвор.
„На 20.12.2025 од управител на угостителски објект во Скопје пријавени се кривични дела „оштетување на туѓи предмети“ и „изнуда“. Постапувајќи по пријавата за „оштетување на туѓи предмети“, на пријавениот полициски службеник од страна на управителот му бил испратен видео запис од безбедносни камери во врска со пријавеното кривично дело. Пријавениот видео записот преку социјалната мрежа „инстаграм“ го испратил односно го сторил достапен на лице кое издржува казна затвор во КПД „Затвор Прилеп“, кој воедно од страна на управителот бил пријавен за кривичното дело „изнуда““, се вели во соопштението Министерството за внатрешни работи.
Сега против полицискиот службеник е поднесена кривична пријава за оддавање на службена тајна. Парлалено, одделот за внатрешна контрола при МВР најавува дисциплински мерки – одземање на оружје и муниција, психолошки и психијатриски преглед и суспензија додека трае постапката.
