Вести Македонија Топ вести

Како македонски мозоци се најдоа во документите на Епстин и американска Банка за мозоци –  научен проект кој одел преку Росоклија и Дума од Институтот за судска медицина

Банка од околу 1.000 човечки мозоци меѓу кои и примероци од Македонија, се споменува во обемниот сет на документи што јавно ги објави министерството за правда на САД во врска со случајот Епстајн. Во еден од материјалите се наведува дека мозоците биле отстранувани по смрт на одредено лице, потоа замрзнувани и транспортирани во САД за научни цели, правилно означени и архивирани.

Документ од Македонската академија за науки и уметности, Оддел медицина, од јули во 2014 година, е објавен на сајтот на Националната библиотека за медицина на САД, објави 360 степени. Насловен како „Збирка за психијатриски мозоци во Македонија: Општи лекции за научна соработка меѓу земјите со различно богатство“, говори за научна соработка во областа на невропатологијата и психијатријата меѓу институции во Македонија и во САД.

Во насловот на проектот се наведени професорот Горазд Росоклија (Колумбија Универзитет), професорот Алексеј Дума (Институт за судска медицина- Скопје) и професорот Ендру Џеј Дворк (Колумбија унивезритет). Научниот труд од проектот бил објавен во јули 2014-та година, како издание на МАНУ.

Меѓу објавените материјали на американското Министерство за правда и електронска порака до Ике Гроф, основач на инвестициската компанија „Турмалин партнерс“, со новинарско истражување на „Блумберг бизнисвик“ од новинарите Синтија Кунс и Роберт Лагрет со наслов „Лек стар 50 години би можел да ја реши американската криза со самоубиствата“. Посочува дека во рамки на долгогодишно научно истражување за самоубиствата, американски научници кои соработуваат со Универзитетот Колумбија имаат создадено банка од човечки мозоци за истражување.

„Ги зеле примероците и мозоците, најпрво на Универзитетот во Питсбург, а потоа, во 1994 година, во Колумбија. Досега имаат собрано колекција од околу 1.000 човечки мозоци, некои од жртви на самоубиство, други контролни мозоци, уредно складирани во замрзнувачи на -112°F (минус 80 Целзиусови степени). Малата балканска земја Македонија придонесува за најновите мозоци, благодарение на член на факултетот на Колумбија кој потекнува од таму и помогнал во организацијата. Македонските мозоци се замрзнуваат веднаш по нивното отстранување и се транспортираат во сандаци, под надзор, околу 4.700 милји (околу 7 560 километи), за да завршат во црни кутии со големина на кутија за чевли, обележани со QR-кодови. Внатре се наоѓаат исечени делови од розево ткиво во пластични кеси, означени со маркери: десна страна, лева страна, датум на собирање“, се наведува во електронската порака испратена до Ике Гроф, која всушност е копија на текстот на „Блумбергвик“.

Соработката меѓу Универзитетот Колумбија во Њујорк и Институтот за судска медицина во Скопје започнала во 1996 година. Примарна цел била проучување на мозочните промени кај шизофренија и други психијатриски нарушувања преку обдукции. Македонија била избрана затоа што имала висока стапка на обдукции и квалификувани лекари, но недоволно ресурси за истражување. Американската страна, пак, имала напредна технологија, но недостиг од примероци.

Проектот, според сознанија на Телма завршил во 2015-та. Претходно бил одобрен од страна на Етичкиот комитет на скопскиот Медицински факултет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна иденфикацијата на жртвите од земјотресот во Венецуела – бројот на загинати надмина 1.430 луѓе

Дејан Дејан

Возеле во спротивен правец на автопатот Гостивар-Тетово – двајца приведени

Дејан Дејан

Приведени четворица заради убиство во скопски Таор – мажот прво ја пријавил за исчезната, а потоа дека ја нашол мртва жената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе