Вести Свет Топ вести

Трамп за Иран: Имаме моќ во регионот, но се надеваме на договор

Американскиот претседател Доналд Трамп, коментирајќи ги иранските предупредувања дека евентуален напад од страна на САД би предизвикал „регионална војна“ на Блискиот Исток, изјави дека Соединетите Американски Држави имаат „најголеми и најмоќни бродови во светот“ распоредени многу блиску до регионот.

Тој нагласи дека американското воено присуство претставува силен фактор на одвраќање, но истовремено истакна дека неговата администрација сè уште се надева на дипломатско решение… Според Трамп, постои можност за постигнување договор кој би придонел за намалување на тензиите меѓу Вашингтон и Техеран.

Сепак, претседателот предупреди дека доколку до договор не дојде, ќе се покаже дали иранските закани за ескалација се основани… Неговите изјави доаѓаат во период на зголемени тензии меѓу двете земји, поттикнати од острите пораки и меѓусебните обвинувања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возеле во спротивен правец на автопатот Гостивар-Тетово – двајца приведени

Дејан Дејан

Приведени четворица заради убиство во скопски Таор – мажот прво ја пријавил за исчезната, а потоа дека ја нашол мртва жената

Дејан Дејан

Василевска: Нема да дозволиме опструкциите на СДС да го забават реформскиот процес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе