Вести Македонија Најважни

„Сејф сити“ стапува на сцена: камерите гледаат, казните стигнуваат

Од денеска улиците и патиштата во Скопје, Куманово и Тетово, како и коридорите 8 и 10 добиваат „нов чувар“.

Системот „Сејф сити“ официјално започнува со работа и со тоа станува тивок, но прецизен сведок на сообраќајните навики.

Преку мрежата на камери, системот автоматски ќе детектира и санкционира четири најчести прекршоци: непрописно паркирање, возење со брзина над дозволената, минување на црвено и управување возило со истечена сообраќајна дозвола.

Пораката до возачите е јасна – правилата не се препорака, а камерите не пропуштаат. Од МВР велат дека системот „Безбеден град“ не е за казнување туку за поголема безбедност во сообраќајот.

Возење до 10 km/h над дозволеното во населено место ќе чини 15 евра. Ако стрелката се помести од 10 до 30 km/h, казната ќе расте на 50 евра. Но, кога брзинометарот ќе избега од контрола и ќе надмине од 30 до 50 km/h, казната е 300 евра плус забрана за управување 3–12 месеци. Надвор од населено место казните се од 20 евра до 300 евра.

Непрописно паркирање ќе чини од 25 до 180 евра, а поминување на црвено ќе се казнува со 250 евра и забрана за управување со моторно возило од 3 до 12 месеци. Граѓаните се на став дека „Сејф сити“ нема да го реши главниот проблем, но сепак сметаат дека ќе се подобри безбедноста во сообраќајот.

  • „Мислам дека ова нема да го реши главниот проблем, но веројатно ќе не натера малку побавно да возиме. Но, тие 50-60 километри на час не се проблем. Ќе има повеќе за плаќање, веројатно ќе ги погоди најсиромашните најмногу.“
  • „Тоа е во ред. Би требало малку време за да се вразумат возачите. А, казните дали се доволни – зависи за кого,“ влат граѓаните пред камерата на Телма.

Камерите ќе мерат брзина со толеранција, за да се увери јавноста дека целта не е казнување туку спасување животи, велат надлежните. Шест километри на час е максималната отстапка, за казна за надминување на брзината на возење низ град. Постепено и како што ќе се навикнуваат возачите, така ќе се намалува и тој праг на толеранција.

 Петар Догов

Шест километри на час максимална отстапка за казна за надминување на брзината на возење низ град, најави Тошковски

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возеле во спротивен правец на автопатот Гостивар-Тетово – двајца приведени

Дејан Дејан

Приведени четворица заради убиство во скопски Таор – мажот прво ја пријавил за исчезната, а потоа дека ја нашол мртва жената

Дејан Дејан

Василевска: Нема да дозволиме опструкциите на СДС да го забават реформскиот процес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе