Вести Свет

ЕУ ја додаде Исламската револуционерна гарда на Иран на листата на терористички организации

Европската Унија ја додаде Иранската исламска револуционерна гарда на својата листа на терористички организации, во одговор на смртоносните операции на официјален Техеран против анти-владините демонстранти минатите недели.

Според шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, министрите за надворешни работи на европските земји се решиле на овој чекор, затоа што „репресијата не може да помине без одговор“.

Иранската револуционерна гарда, значајна воена, економска и политичка сила во исламската република сега за ЕУ е на исто ниво како џихадистичките групи Ал-Каеда и ИСИС.

Според проценките на групите за човекови права, повеќе илјади демонстранти се убиени во Иран од страна на безбедносните сили, вклучувајќи ја и револуционерната гарда, во текот на безредијата во текот на јануари и декември минатата година.

Најмоќната вооружена сила на Иран, исламската револуционерна гарда, беше формирана набргу по исламската револуција од 1979-тата година, со цел да го брани теократскиот карактер на државата.

Се проценува дека во неа има околу 190 000 активни членови а поседува ресурси на земја, во воздух и на вода, како и контрола на стратешкиот воен арсенал на Иран.

ЕУ денеска донесе и одлука за нови санкции против шест ентитети и 15 поединци во Иран, вклучувајќи ги министерот за внатрешни работи, Ескандар Момени, јавниот обвинител, Мохамед Мовахеди Азад и судијата Иман Афшари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од среда стапува на сила забраната за движење во шумите

Дејан Дејан

Мајката која го претепа тримесечното бебе претходно останала без родителските права за повеќе деца

Дејан Дејан

Одбележана 78 годишнината од прогонството на децата Македонци од егејскиот дел на Македонија – споменикот во Скопје вандализиран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе