Претседателката Гордана Силјановска Давкова вчера го потпишала указот за измените на КЗ, за кои невладините од Платформата за борба против корупција бараа од неа да го искористи правото на вето.
Има забелешки за делата за злоупотрбите но вели овие решенија се неспоредливо подобри од оние во 2023 Како аргумент го посочи и функционирањето на проектот Безбеден град.
Овие измени ги поддржила само како транзициско решение до новиот КЗ за кој добила гаранции од владата дека до јуни ќе биде донесен.
- Ако ги анализирам решенијата во однос на измените од 2023 година кои беа катастрофални, ова е чекор напред. Не се сите добри, очекувам со новиот Кривичен законик, знам дека на него работи квалификувана група и претставници од ЕУ и дека нам ни требаат темелни решенија- Гордана Силјановска Давкова, претседателка на државата.
Измените создаваат дополнителна правна несигурност и натамошно уназадување во борбата со високата корупција и пишаа невладините кои имаат многу забелешки за одредбите за коруптивните дела.
Запрени постпаки, ослободителни пресуди за дел од злоупотребите при јавните набавки – ова се ризиците што ги носат новите одредби предупреди експертската јавност
- Се губи инкриминацијата на злоупотребите на средствата од буџетот и членот се фокусира на конкретна фаза од јавните набавки што не е најпроблематичиот дел во пракса. Тоа би значело дека останатите постпаките би можело да бидат запрени и ли да се направат обдиди да бидат подведени под други членови- Дарко Аврамовски, Коалиција Сите за праивчно судење.
Според невлаидните, постои ризик да запрат постапките и за несовесното работење на полицајците и други вработени во државната управа затоа што таа одредба е тргната
Покрај декриминализација, алармираа дека новите казни за злоупотребите на функциоенрите се двојно пониски од оние во кривичниот законик пред септември 2023 и побрзо застаруваат а тоа велат не е во духот на борбата со корупцијата смета ексеперата јавност .
Од пратениците побараа во овој преоден период до новиот КЗ да се вратат старите казни но ниту пратнеиците не ги послушаа.
Елена Ивановска
Б.С.
