Вести Македонија

МВР со апел пред да стартува „Безбеден град“: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

Министерството за внатрешни работи потсетува дека граѓаните треба да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед.

– На посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 8 до 17 часот, граѓаните може да поднесат барање за промена на контакт-податоците што ги доставиле при регистрација на возилата доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Тоа може да се изврши и во станиците за технички преглед на возила во државата, каде што е распореден деташиран референт на МВР – информира МВР.

Според најавите, системот „Безбеден град“ официјално треба да биде ставен во функција на први февруари во недела.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 66-годишна возраст

Дејан Дејан

Од среда стапува на сила забраната за движење во шумите

Дејан Дејан

Мајката која го претепа тримесечното бебе претходно останала без родителските права за повеќе деца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе