На непосредни избори судиите денеска гласаат за нов член на Судскиот совет од редот на судиите припадници на заедницата која е повеќе од 20% од населението.
Право на глас имаат сите 418 судии запишани во Судскиот изборен именик. Гласањето започнува во 8 часот и трае до 15 часот во изборните места во сите судови во земјава, по што на јавна седница се објавуваат резултатите.
На кандидатската листа Судиите на непосредни избори ќе гласаат за еден од шестмината кандидати: Африм Јакупи (судија на Апелационен суд Гостивар), Садула Иазири (судија на Основен суд Тетово), Улбер Хасани (судија на Основен граѓански суд Скопје), Хасан Асани (судија/претседател на Основен суд Тетово), Џемали Саити (судија на Врховен суд) и Шпреса Граинца Османи (судија на Основен кривичен суд Скопје).
Претседател на Комисијата за спроведување на изборот, Судскиот совет го избра судијата Осман Шабани, од Апелациониот суд Скопје, а за негов заменик судијата од Основниот кривичен суд Скопје Илија Трпков.
