Вести Најважни Свет

ЕК ќе промовира нови стратегии за визи и за миграција и азил

Европската комисија денеска ќе усвои две нови стратегии, едната за визите, а втората за миграцијата и азилот.

Портпаролот на Еврокомисијата за внатрешни работи, Маркус Ламерт  во врска со протестите и блокадите на границите од страна на балканските превозници, изјави дека Комисијата е свесна за нивните проблеми и работи на нивно надминување во рамки на подготовките на Стратегијата за визи, објави МИА.

Свесни сме дека голем број професионалци од трети земји може да имаат потреба да останат во шенген-зоната повеќе од 90 дена во рок од 180 дена. Ова ги вклучува професиите со висока мобилност, како што се возачите на камиони, но исто така и спортистите и уметниците. Ова е прашање на кое сме целосно посветени и на кое работиме и размислуваме во контекст на подготовките на претстојната Статегија за визите, што ќе ја објавиме оваа недела, изјави Ламерт.

Според најавите, Стратегијата ќе опфаќа упатствата на ниво на целиот блок, кои се дизајнирани да ја зајакнат конкурентноста, но воедно и безбедноста на ЕУ.

Со документот ќе се предвидуваат и „економски визи“, кои би биле повеќекратни и со рок на важење подолг од пет години, во обид за поттикнување на економскиот раст.

Стратегијата ќе предвидува и рестриктивни мерки насочени против „непријателски настроени трети земји“, како и построг мониторинг на постојните безвизни режими.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 3 степени во Тетово и Гостивар

Дејан Дејан

Шасивари министер за правда, Сулејмани за култура – кои се предлозите на Влен за нови министри

Дејан Дејан

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 65-годишна возраст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе