Нема да дозволиме да играте со работничката мака, порака од протестот на ССМ за поголеми плати. Се заканија со блокади на улици, институции, а не исклучуваат ниту генерален штрајк.
Битката за 600тини евра минимална плата се пресели на улица – ССМ излезе на протест за достоинствени примања. Маршот почна од Работничкиот дом, а крајната дестинација е Владата.
Граѓаните се надеваат дека по овој протест ќе се смени нешто и ќе има покачување на минималната плата. Според нив работниците мора да имаат една минимална плата која ќе биде доволна за достоинствен живот.
Т.Д.
Пешевски: Велат не сме биле продуктивни, они се продуктивни со „Поршиња“ на Халкидики
