Вести Македонија

ССМ на протест пред Собрание: „Нема да дозволиме да се играте со работничката пот и мака од чии даноци зимате плата“

Синдикатите излегоа на протест. Започнувајќи од пред седиштето на ССМ протестот се очекува да заврши пред Владата. Кога се најдоа пред Собранието оттаму се обрати претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Тој истакна дека работничкиот револт ќе биде пожесток и ќе следува генерален штрајк, ако не се покачат платите.

„Ќе собереме 10 илјади потписи и ќе бараме 80% да се намалат пратеничките плати, минималната плата да биде 600 евра, а другите да се качат за 6 илјади денари“, изјави Трендафилов. 

Трендафилов потенцираше дека не треба пратениците да се играат со работничката пот и мака од чии даноци тие земаат плата.

„Нема да се откажеме мора да ви биде јасно, нема да дозволиме да се играте со работничката пот и мака од чии даноци зимате плата“, потенцираше Трендафилов. 

Во завршниот говор Трендафилов истакна дека недозволиво е некој да користи политички поени на мака и солзи. За обичните работници јануари е најдолг месец, а за функционерите најкраткиот.

„Нема да ве молиме ќе се бориме“, ечеше слоганот пред Собранието од страна на граѓаните кои се наоѓаа пред Собранието.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од среда стапува на сила забраната за движење во шумите

Дејан Дејан

Мајката која го претепа тримесечното бебе претходно останала без родителските права за повеќе деца

Дејан Дејан

Одбележана 78 годишнината од прогонството на децата Македонци од егејскиот дел на Македонија – споменикот во Скопје вандализиран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе