Вести Македонија

Димовски: ТИРЗ во Виница, Делчево, Берово, Ранковце и Радовиш не се атрактивни за странски инвеститори, ќе ги трансформираме во индуструски зони, ќе ги продадеме на општините, а тие на домашни компании

Технолошко-индустриските зони на локации како Виница, Делчево, Берово, Ранковце, Радовиш не се атрактивни за странските инвеститори од причина што демографијата таму не е иста како пред 10-15 години кога почнале да се формираат и градат, изјави Гоце Димовски, директор на ТИРЗ, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Идејата ни е, согласно законските прописи, да ги трансформираме во индустриски зони. Бидејќи ТИРЗ зоните, согласно законот, може да извршуваат одредени дејности, додека индустриските зони се пофлексибилни од тој аспект. И кај индустриските зони може земјиштето да се продаде. Нас идејата ни е да ги трансформираме во индустриски зони, да ги продадеме на општините и општините да ги продадат тие парцели, урбанизирани локации, на домашни компании, со цел да го развиеме локалниот економски развој. Од една страна ќе правиме развој на локалната економија, од друга страна ќе ги направиме оперативни да не бидат само полиња како што, за жал, се сега“, рече Димовски.

Вкупната површина на земјиште во петте посочени ТИРЗ е 287 хектари.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приведени четворица заради убиство во скопски Таор – мажот прво ја пријавил за исчезната, а потоа дека ја нашол мртва жената

Дејан Дејан

Василевска: Нема да дозволиме опструкциите на СДС да го забават реформскиот процес

Дејан Дејан

СДСМ: Владата на Мцкоски систематски го унишутва пензискиот систем

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе