Локалната власт на Љубљана реши да го ограничи паркирањето и да почне да наплаќа паркинг пред зградите во најнаселените населби во главниот град Љубљана. Пишани се веќе и првите казни по одлуката на градоначалникот Јанкович.
„Замислете, се враќате дома секој ден и нема паркинг место за вас. И добивате казна од 30 евра. Па, нема да преживеете еден месец“, вели граѓанка на Љубљана.
Жителите се решени на борба до крај за паркинг место и нема да дозволат градот да кажува кој ќе има кола или не. Градоначалникот смета дека ги решава паркинг проблемите во Љубљана.
View this post on Instagram
