ССМ утре излегува на протест. Ги повикаа сите работници да им се придружат во борбата за повисоки плати и повисок минималец. „Се бориме и за пензионерите и за критичарите“ кажа претседателот на ССМ, Трендафилов. За притисоци врз работниците да не дојдат на протестот ќе објават во текот на неделата. Од Владата порача дека секој има право на протест но и дека минималецот ќе се зголеми согласно законот, односно за 1.600 денари од мартовската плата. Македонија го има најнискиот минималец од државите во регионот.
ССМ денес отворено ги повика сите работници, граѓани и пензионери да им дадат поддршка на утрешниот протест и да го изразат незадоволството од ниските примања.
Третина од работниците во Македонија имаат примања под прагот на сиромаштијата, растот на трошоците и стагнацијата на платите доведе до борба за егзистенција и затоа минималецот мора да изнесува 600 евра и да има линеарно покачување на сите плати во висина од шест илјади денари, велат од Синдикатот.
Од ССМ велат дека функционерите ќе добијат десеткратно поголемо покачување на платите од оние 1.600 денари колку што ќе се зголеми минималецот.
ССМ нема да организира превоз на работници од дргуи градови за протестот и најавија дека ќе и ги достават на јавноста притисоците врз нив за што помала посетеност.
Поддршка на протестот најави и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).
Од Владата го повторија ставот дека ќе поддржат било каков договор меѓу работодавачите и синдикатите за минималната плата и порачаа дека секој има право да протестира. Од 1 јануари Македонија ја има најниската минимална плата во сите држави од регионот.
Огнен Чанчаревиќ
