Црна Гора го затвори уште едно преговарачкото поглавје на Меѓувладината конференција меѓу Црна Гора и Европската Унија во Брисел.
Ова значи дека Црна Гора го затвори 13-то од 33-те преговарачки поглавја во преговорите со Европската Унија, повеќе од третина.
Европската комесарка за проширување Марта Кос потсети дека Црна Гора затворила пет преговарачки поглавја во декември 2025 година и дека оваа серија продолжила и оваа година. Таа, исто така, истакна дека Црна Гора слави 20 години од враќањето на независноста, па затоа 2026 година нема да биде обележана само со прославата на таа годишнина, туку и со посветена работа.
