Вести Македонија Топ вести

Панчевски, Раичевиќ, Ристоска, Савевски, Тополова-Исајловска – потврдени пет кандидати за наследник на Коцевски, рокот истекува на полноќ

Пет пријави досега пристигнале на огласот за републички јавен обвинител на Република Северна Македонија на адреса на Собранието. Бројката ја потврдија од собраниските служби. Кандидатура поднеле Владимир Панчевски, поранешен претседател на Основниот Крвичен суд Скопје, обвинителките Лидија Раичевиќ и Ленче Ристоска, актуелниот судија во Кривичниот суд, Ненад Савевски и актуелната в.д. републичка јавна обвинителка Анита Тополова – Исајловска.

Рокот за пријавување истекува денеска на полноќ. Тоа значи дека во текот на денот уште некој кој претендира да ја добие оваа функција има можност да се пријави.

Поранешниот републички јавен обвинител Љупчо Коцевски во декември лани поднесе неотповиклива оставка. На неговото место како вршител на дејноста беше избрана Анита Тополова-Исајловска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе