Вести Македонија

Блокирани 10 гранични премини во Македонија поради одлуката на ЕУ за ограничување на престојот на транспортерите во Шенген зоната на 90 дена

Дождот не ги поколеба македонските транспортери да излезат на протест на 10 гранични премини во државата. Се бунтуваат на одлуката на Европската Унија (ЕУ) која треба да стапи на сила од април годинава, а според која времето на престој на превозниците во ЕУ е ограничено на 90 дена.

Стотина транспортери денеска од пладне го блокираа излезот од државата за товарен сообраќај на граничниот премин „Богородица-Евзони“. Тие најавуваат седумдневен протест во којшто очекуваат да се најде решение за нивниот проблем.

На преминот имаше голем број превозници, но не сакаа да зборуваат пред камера. Велат новите услови ќе ги остават без егзистенција.

Блокади има и на граничниот премин „Дојран“ на македонско-грчката граница, а во југоистокот се протестира и на граничниот премин „Ново Село“ на македонско-бугарската граница. Денеска е блокиран само делот за излез од државата на лентите за товарен сообраќај, а вечерва од 19 часот ќе бидат блокирани колоните за влез во државата.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 3 степени во Тетово и Гостивар

Дејан Дејан

Шасивари министер за правда, Сулејмани за култура – кои се предлозите на Влен за нови министри

Дејан Дејан

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 65-годишна возраст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе