Македонецот Марјан Атанасов синоќа испиша историја, носејќи го олимпискиот факел при неговото свечено пристигнување во Пјаченца, Италија, информира агенцијата за иселеништво.
Носењето на олимпискиот факел не е само протоколарна улога, туку висока чест што ѝ се доделува на поединци, препознаени по својата посветеност и општествен ангажман.
За Марјан Атанасов, овој момент беше симбол на доверба и одговорност, но и лична и колективна победа. Тој е долгогодишен волонтер во организацијата „Авис“.
Олимписките игри во Милано – Кортина Д’Ампецо, уште пред нивниот официјален почеток, испраќаат моќна порака за единство и солидарност.
