Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата ги повикува пратениците во собранието итно да именуваат директор и заменик директор на агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Велат дека оваа агенција, која е клучна за заштита на уставно загарантираното право на граѓаните до информациите, кои ги поседуваат јавните институции, а со тоа и за транспарентноста на властите на сите нивоа, веќе еден месец е нефункционална поради истекот на мандатот на претходниот директор и неговиот заменик и неименувањето на ново раководство од страна на собранието.
Правото на граѓаните до информациите од јавен карактер е едно од основните човекови права, гарантирани со меѓународните и европските конвенции, како и со уставот, велат од платформата на граѓански организации за борба против корупцијата.
