Вести Македонија

СКСМ: Блокадите на граничните премини не се решение

Според стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), проблемот со примена на правилото од 90/180 дена за професионалните возачи во товарниот транспорт треба да се бара исклучиво преку институциите, а не со блокади на граничните премини, за да не се случи колапс на целата економија во државата и регионот.

Од таму велат дека блокадите не може да бидат решение, бидејќи ако се наруши протокот на стоки на граничните премини со ЕУ само еден ден, а не дури седум дена, какви што се најавите, губитници не се само транспортерите во меѓународниот патен сообраќај, туку сите деловни субјекти кои се вклучени во надворешно трговската соработка.

„Засега никој не може да каже колкави ќе бидат загубите, велат од стопанската комора и истакнуваат дека тие ќе бидат по повеќе основи: пенали за задоцнета испорака, откажување на договори, намалено производство, нереализиран извоз, неможност за навремено производство поради недостаток на суровина итн., но сигурно е дека загубите ќе бидат од големи размери, што не е во ничиј интерес“, се вели во соопштението од стопанската комора.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 3 степени во Тетово и Гостивар

Дејан Дејан

Шасивари министер за правда, Сулејмани за култура – кои се предлозите на Влен за нови министри

Дејан Дејан

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 65-годишна возраст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе