Вести Македонија

Завршува тест-периодот на „Безбеден град“ – од први февруари ќе се казнува

Пробен период со известувања за сторени прекршоци, тестирање на системот, калибрација на уреди. Со ваквите активности МВР, овие два месеци декември и јануари ги подготуваше граѓаните но и самиот систем за автоматска детекција на брзина – Безбеден град.  Викендов се прават последните проверки на системот во Тетово и Куманово. Наредниот викенд, односно во недела 1 февруари, ќе стигнат и првите казни за граѓаните.

Министерот Тошковски вели дека дека со овој систем се поставуваат повисоки безбедносни стандарди во сообраќајот и неговата цел е јасна – помалку незгоди, помалку повредени и повеќе спасени човечки животи.

„Системот работи автоматски и непристрасно – камерата не прави разлика меѓу луѓе, туку евидентира прекршок. Законот важи еднакво за сите, а безбедноста на граѓаните е наш врвен приоритет“, вели министерот Панче Тошковски.

Универзитетскиот професор и сообраќаен експерт Никола Крстановски вели дека со децении владее масовно непочитување на сообраќајните прописи и затоа општеството плаќа „тежок данок“ во форма на бесмислено губење на животи, доживотни инвалидитети и материјални штети се поради несовесно однесување во сообраќајот.

„Ако ме прашате дали е подготовен системот, детали не ми се познати меѓутоа сметам дека овој преоден период беше доволен МВР  и нивните стручњаци, да ги отстранат недостатоците кои бе забележани на почетокот. А уште поважно од тоа што и МВР пристапи на еден коректен правилен начин со овој тест период, бидејќи не само што тест периодот овозможи надминување на евентуално технички проблеми туку и подготовка на самите учесниците во сообраќајот“, вели професорот Никола Крстановски.

За системот имаше голем број критики од етички, економски па и национален аспект.

Во првата фаза камерите ќе бидат ставени во функција на локации со зголемен ризик, а во текот на годината системот постепено ќе се проширува на територијата на целата држава. Паралелно, ќе бидат активирани и возила на МВР опремени со мобилни камери, кои ќе дејствуваат особено на т.н. „црни точки“ на патиштата.

Александар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Приведени четворица заради убиство во скопски Таор – мажот прво ја пријавил за исчезната, а потоа дека ја нашол мртва жената

Дејан Дејан

Василевска: Нема да дозволиме опструкциите на СДС да го забават реформскиот процес

Дејан Дејан

СДСМ: Владата на Мцкоски систематски го унишутва пензискиот систем

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе