Вести Македонија

Историја на 10 години: Ахмет стана најмладиот Македонец кој освои силен шаховски турнир во Србија

Со само 10 години, Ахмет Селим Абдурахман од Скопје го освои првото место во„Б“ категоријата (U1900Elo) во рамки на Меѓународниот „опен” во Параќин, Србија. Младиотшахист го заврши турнирот со 7 поени од девет партии, без ниту еден пораз, ремизирајќиво 4 партии и стана првиот Македонец што го освои овој настан на десетгодишна возраст.

Турнирот во Параќин бележи долгогодишна традиција со ФИДЕ-рејтинг листа на која учествува силна конкуренција од различни возрасни категории и повеќе европски земји, што ја нагласува тежината на овој успех.

Ахмет не е изненадување за македонскиот шах, тој веќе неколку години наназад реди успеси на домашната и на меѓународната сцена. Шаховската јавност го препознава како двократен државен првак на Македонија до 8 и до 10 години, а меѓународните победи го издвојуваат како еден од најталентираните млади шахисти.

Во 2022 освои прво место на „Керванос“ во Солун, Грција (Б категорија, 7/7 поени), во 2024 – прво место на „Виктори куп“ во Благоевград, Бугарија (до 10 години), 2025 – прво место на „Хереја Дружба“ во Софија, Бугарија (до 10 години, максимални поени), повеќекратен победник на меѓународниот турнир „Наум Наумовски Борче“ во Скопје, со прво место во категориите до 8, до 10 години и како најмлад освојувач во категоријата до 14 години во 2025 година, Државно екипно првенство на Македонија 2025- Освоено прво место и златен медал, како член на Капабланка – поединечно најдобра прва табла со освоени максимални бодови, 16. Меѓународен шаховски турнир Квалитет 2025-освоено прво место на категорија до десет години на опен турнир со конкуренти до 21 година.

Победата во Параќин е уште еден показател за континуитетот и зрелоста на младиот македонски шахист. Со ова, Ахмет ја потврдува својата позиција како еден од најперспективните млади шахисти во Македонија и регионот, а неговите настапи веќе ја надминуваат локалната сцена и привлекуваат внимание на меѓународната шаховска сцена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 65-годишна возраст

Дејан Дејан

Од среда стапува на сила забраната за движење во шумите

Дејан Дејан

Мајката која го претепа тримесечното бебе претходно останала без родителските права за повеќе деца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе