Вести Македонија

МВР ги тестира камерите „Безбеден град“ во Куманово и Тетово

Министерството за внатрешни работи денеска спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на камерите за сообраќаен надзор во Куманово и Тетово, во рамки на проектот „Безбеден град“. Активностите ќе се одвиваат од 08:00 до 20:00 часот, при што на секоја локација постапката ќе трае од 15 до 30 минути.

Од МВР информираат дека за време на тестирањето, сообраќајот на одделни локации ќе биде привремено прекинат, а по завршувањето ќе продолжи нормално. Граѓаните се повикуваат да ги почитуваат привремените ограничувања и да покажат трпение и разбирање.

Од министерството потсетуваат дека системот „Безбеден град“, кој стартува од 1 февруари, ќе регистрира четири клучни прекршоци: брзо возење, минување на црвено светло, нерегистрирани возила и неправилно паркирање, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на прекршоци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 65-годишна возраст

Дејан Дејан

Од среда стапува на сила забраната за движење во шумите

Дејан Дејан

Мајката која го претепа тримесечното бебе претходно останала без родителските права за повеќе деца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе