Вести Македонија Најважни

Старото раководство доби доверба од Конгресот на СДСМ

По петчасовната дискусија без пауза за извештајот за изборниот резултат и внатре-партиските проблеми, Социјалдемократите задоволни го завршија 31 Конгрес на партијата. Иако се одржа во услови на засилени внатрепартиски тензии и јавни критики кон претседателот Венко Филипче од поранешни партиски функционери, епилогот не донесе никакви турбуленции. Немаше оставки, ниту барања за исклучување од партијата на, како што ги нарече Филипче, „тројанските коњи„ кои ја поткопуваат партијата од внатре, иако им порача дека можат да си заминат веднаш и дека нема време за предавства.

„Се дискутираше и за разочараноста на луѓето кои трчале во кампања за тие исти лица кои сега ја критикуваат партијата, имавме одлична и плодна дебата за извештајот за изборите и сите отворени прашања. Можам да кажам дека имавме успешен Конгрес. За сите овие работи ќе се дискутира и на седниците на партиските тела и ќе се види дали се потребни статутарни измени„,изјави Филипче.

Голем дел од својот говор пред делегатите тој ѝ посвети на владата, обвинувајќи ја дека наместо реформи, донела економска и политичка катастрофа, дипломатска изолација и блокиран европски пат.

„Европа нѐ отпиша, Америка не нѐ запишува“, рече Филипче додавајќи дека наместо во периметарот на САД, со Мицкоски завршивме надвор од кружницата наречена Европа.

Порача и дека СДСМ нема да биде „контролирана опозиција“повика на внатрешно зајакнување на партијата, активизам на терен и обединување околу заедничката цел.

Конгресот им изгласа доверба и на Централниот и на Извршниот одбор на партијата, како и на заменик-претседателката Фани Каранфиловска-Пановска.

Од поранешните претседатели на партијата, на конгресот присуствуваа Владо Бучковски и Димитар Ковачевски. Отворениот дел госледеа и делегации од ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, како и од нивните  помали коалициони партнери.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од среда стапува на сила забраната за движење во шумите

Дејан Дејан

Мајката која го претепа тримесечното бебе претходно останала без родителските права за повеќе деца

Дејан Дејан

Одбележана 78 годишнината од прогонството на децата Македонци од егејскиот дел на Македонија – споменикот во Скопје вандализиран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе