Граѓански протест за нула толеранција на загадувањето на воздухот во Струмица и притисок до институциите да ги зајакнат механизмите на уврдување на загадувачите и нивно казнување. Ова денеска беа главните пораки на протестирачите од центарот на градот.
„Нашите инститтуции немаат храброст да се соочат со загадувачите и учествуваат во овој геноцид“, порача актерката Оливера Аризанова-Мансбарт
„Не ги отвараме прозорците, не проветруваме знаете зошто нели?“ Праша Мери Костуранова. „Затоа што е загадено, додаде таа“ гневна на состојбата во која растат струмичките деца.
На протестот присуствуваа и лекари. Доктор Борка Грнчарова, специјалист по радиодијагностика вели дека не се потребни апликациите и мерните станици за да знамее колку е загаден воздухот, бидејќи граѓаните буквално се гушат.
„Ние знаеме дека воздухот е загаден, чувствуваме“, рече д-р Борка Грнчарова.
„Ова не е нерешлив проблем, ова е резултат на мрзеливост, корупција и неинвентивност“, рече Нина Цикарска.
Активистите обединети во движењето „Здрава котлина“ порачаа дека јавната свест за овој сериозен проблем се крева и граѓаните нема да се смират сѐ додека не се видат конкретни решенија и подобрување на амбиенталниот воздух.
Сузана Мицева
