Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го оцени говорот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на 31. Конгрес на партијата како „празен“. Според партијата, Филипче не објаснил зошто СДСМ е петта партија во Скопје и трета во Македонија.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека во својот говор, Филипче не се оградил ниту кажал критички збор за својот ментор, поранешниот премиер Зоран Заев, ниту пак ги објаснил спорните политики кон Бугарија, Грција и САД.
„Заклучокот е дека за ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Филипче, но тој е штетен за Македонија и нејзините интереси“, се наведува во соопштението.
