Вести Македонија Најважни

Филипче: СДСМ е лекот и гласот што „грми“ за државата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на 31. Конгрес на партијата порача дека СДСМ е државотворна сила и заштитник на македонското општество, спротивставена на обидите за поделба, пљачка и изолација на државата. Тој истакна дека државотворноста, започната во 1944 година, тече низ вените на секој член на партијата.

Во говор исполнет со силна реторика, Филипче ја опиша СДСМ како „имунолошки одбранбен систем“ на општеството.

„Ние сме лекот, ние сме гласот што грми“, рече тој, додавајќи дека улогата на партијата не е само политичка, туку и историска и општествена.

Во завршницата, Филипче упати остра критика до актуелната власт, оценувајќи дека состојбите во државата претставуваат „брутално отрезнување“ за граѓаните.

Тој порача дека СДСМ останува подготвена за борба за зачувување на македонското достоинство, државата и интересите на граѓаните.

Филипче упати порака до сите кои сакаат да ја поткопуваат партијата од внатре или да бидат тројански коњ на ВМРО да си заминат веднаш, бидејќи како што посочи, нема време за предавства.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 3 степени во Тетово и Гостивар

Дејан Дејан

Шасивари министер за правда, Сулејмани за култура – кои се предлозите на Влен за нови министри

Дејан Дејан

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 65-годишна возраст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе