Вести Македонија

Шест возачи исклучени од сообраќај – пет под дејство на алкохол, еден возел со 205 км/ч

Шест возачи биле исклучени од сообраќај во одвоени полициски контроли спроведени на 23 и 24 јануари 2026 година, информира МВР. Пет лица биле затекнати како управуваат возила под дејство на алкохол, додека еден возач бил лишен од слобода поради екстремно пречекорување на дозволената брзина.

На автопатот А1 кај селото Милетково, полициски службеници од ОВР Гевгелија го привеле А.К. (52) од Бугарија, кој со возило „ауди“ се движел со брзина од 205 км/ч на дел каде дозволената брзина е 120 км/ч. За случајот е известен јавен обвинител и поднесена е кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

Во текот на ноќта, во Куманово, Велес, Македонска Каменица, Гевгелија и Прилеп, биле приведени уште пет возачи кај кои е утврдено присуство на алкохол во крвта од 1,52 до 1,73 промили. По целосно документирање на настаните, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбележана 78 годишнината од прогонството на децата Македонци од егејскиот дел на Македонија – споменикот во Скопје вандализиран

Дејан Дејан

Уапсен маж осомничен за убиство на поранешната сопруга – уште еден фемицид во црните статистики

Дејан Дејан

Отчет на ВРЕДИ критики од ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе