Факт е дека еден средно голем број на европските држави го користеа меѓународното право кое што функционираше во корист на, ако можам така да кажам, и на западниот свет, а не класично на меѓународната правда, изјави Зоран Димитровски, заменик министер за надворешни работи, во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ.
„И тогаш постоеше употреба на сила, законот на посилниот владееше, сега само тоа е соголено, затоа што, на крајот на краиштата, имаме еден отворен и коректен однос од страна на администрацијата на Трамп за да ги каже работите онакви какви што се во светот“, смета Димитровски.
С.Д.
