Имаме сериозни поместувања на геополитички план, се менуваат одредени правила на игра, но што се однесува до т.н. крај на меѓународниот поредок или дека меѓународното право веќе не се употребува, дека правото на посилниот владее, мора да кажеме дека меѓународното право неколкупати се прекрши на грбот на Македонија во изминатиот период и во т.н. време кога владееше меѓународното право, рече Зоран Димитровски, заменик министер за мнадворешни работи, во вечерашното издание на „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Затоа што Меѓународниот суд на правдата пресуди во корист на Македонија во контекст на ветото на Грција за наше членство во НАТО и правото да бидеме членка на привременото име БЈРМ. Тоа Грција го прекрши и никому ништо. И тогаш нè убедуваа дека меѓународното право функционира за посилните, малите треба да се прилагодуваат“, истакна Димитровски кој смета дека за малите земји е факт дека треба да функционира меѓународното право.
С.Д.
