Вести Свет

САД ја продолжија лиценцата за работа на НИС до 20 февруари

Американското Министерство за финансии ја продолжи лиценцата за работа на Нафтената индустрија на Србија до 20 февруари, јави РТС.

Во писмо до mинистерството за финансии на Србија се наведуваат условите под кои е валидна лиценцата за работа – трансакциите да не вклучуваат американски субјекти или американскиот финансиски систем, ниту, директно или индиректно, кој било друг блокиран субјект, освен НИС.

Исто така, потребно е трансакциите да не вклучуваат никаква друга активност што е предмет на санкции во согласност со Правилникот за санкции поради штетни надворешнополитички активности на Русија, правилникот за санкции поврзани со Украина и Русија или правилникот на други американски власти овластени за воведување санкции.

Претходната лиценца за продолжување на работата, што компанијата НИС ја доби пред три недели, требаше да истече на полноќ.

НИС поднесе ново барање за продолжување, бидејќи прелиминарниот договор за купопродажба помеѓу „Гаспромњефт“ и МОЛ беше доставен до ОФАК, што беше и услов на американската администрација за нова дозвола за работа.

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека продолжувањето на лиценцата за работа на НИС е одлична вест за Србија и дека тоа значи дополнителна безбедност за граѓаните и српската економија. Во српскиот Парламент, на прес-конференција, Брнабиќ изјави дека продолжувањето на лиценцата значи дека сега НИС ќе може да работи, како и рафинеријата во Панчево.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со јачина од 3 степени во Тетово и Гостивар

Дејан Дејан

Шасивари министер за правда, Сулејмани за култура – кои се предлозите на Влен за нови министри

Дејан Дејан

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 65-годишна возраст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе