Вести Култура Македонија Топ вести

Општините со нерамномерно трошење пари за новогодишно украсување – најмногу потрошила Штип

Општините низ државата за новогодишното украсување потрошиле околу 785 илјади евра, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Најмногу средства издвоила општина Штип, која за украсување потрошила над 80 илјади евра, а на второ место се наоѓа Град Скопје со околу 70 илјади евра.

Доколку се соберат и трошоците на скопските општини, тогаш во главниот град биле потрошени речиси 185 илјади евра, што е повеќе од една третина од сите пари потрошени за украсување во државата.

Најголем дел од договорите, дури 78% ги добила една иста фирма „ Линк Медиа Плус“. Герман Филков, од Центарот за граѓански комуникации вели дека тендерите се објавуваат доцна и поради тоа само една иста фирма се јавува на тендерот бидејќи другите немаат време за да излезат со понуда.

  • „Сметаме дека тендерите многу доцна во годината се објавуваат, а договорите се потпишуваат дури во декември. Многу малку време се остава простор на фирмите за да се подготват, да ги набават и постават украсите. Сметам дека на тој начин се фаворизираат некои фирми кои веќе соработувале со општините“ – Герман Филков, Центар за граѓански комуникации.

Филков вели дека во иднина општините треба порано да распишуваат тендери и да ја избираат најисплатливата опција за граѓаните.

  • „Општините треба да направат анализа што е најрационално за украсите. Кој модел треба да го применат во иднина. Дали го добиваат најисплатливото нешто за граѓаните и тендерите да се распишат порано за да можат и други фирми да учествуваат“ – Герман Филков, Центар за граѓански комуникации.

Дури 30 од 32 договори се склучени во декември, а дел од нив само две недели пред Нова година.

Тамара Марковска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе