Uncategorized Вести Македонија

Селими: Системските пропусти за локалните избори се гледаат во изборниот законик и законот за локална самоуправа

Имаме Изборен законик кој е спротивен на законот за локална самоуправа, каде што во Гостивар се направи еден преседан кој треба да се надминува во иднина, ние имаме еден закон кој вика дека в.д. градоначалникот е градоначалник до изборот на нов, имаме Изборен законик кој вика „ако изборите не се успешни, треба да се воспостави владин повереник, рече политичкиот аналитичар Сефер Селими во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма во контекст на повторените локални избори во четири општини со што се заокружија локалните избори 2025.

„И ние тука треба да ги гледаме пропустите во системот во локалните избори. Не зборувам за политичките поени на една или на друга страна, туку на системските пропусти кои ги имаме и кои се резултат на ад-хок решенија кои требаше да им служат на минатите министри, на избраните функционери кои ги напуштија градоначалничките места за да преземат други функции. И заради нив се креираше оваа конфузија во законите и во решенијата“, смета Селими.

Според него, државата треба да го надминува она што е дневна политика.

„Се знаеше, мислам дека беше претерано од оваа влада, целата инвестиција за некаква промена или пресврт во резултатот. Дури беше срамна загуба за нив. Се ставија во позиција, на пример во Маврово/Ростуше, како повереник го ставија нивниот кандидат кој беше дел од изборната трка. Во Гостивар и во Врапчиште ставија сосема различни луѓе да ја извршат таа функција за да предизвикаат некаква поларизација во општеството и кај граѓаните. Граѓаните тоа го препознаа и не подлегнаа на таквите провокации од владата и го потврдија истиот резултат што беше претходно“, рече Селими.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Емотивна средба на семејствата на прерано починатиот фудбалер Аган и на Давид кој му посвети гол на својот врсник

Дејан Дејан

Претставници од стотина компании и институции на првиот ИКТ форум Македонија – Грција, договорија соработка и доверба

Дејан Дејан

АХВ за две години спречила повеќе од 367 тони небезбедна храна да стигнат до потрошувачите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе